1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Украдени податоците на милиони интернет корисници

Податоците од електронската пошта на 16 милиони корисници во Германија се украдени, соопштија денеска властите во земјата.

Безбедносниот упад го потврди Сојузното биро за информатичка безбедност (БСИ), од каде е креирана посебна интернет-страница преку која сите корисници можат да проверат дали се загрозени нивните лични податоци.

Германската влада ги повика граѓаните да ја посетат интернет страницата, а портпаролот на германската канцеларка Штефан Зајберт преку својот Твитер профил сподели и линк до страницата, која во меѓувреме се урна како резултат на големиот број посети.

Од БСИ соопштија дека криминалци успеале да заразат милиони компјутери со програма која ги насочувала кон мрежа, позната како Ботнет, од каде потоа им биле крадени податоците.

„Ботнет-овите се поврзани со многу криминална енергија и секако со лоши намери“, соопшти БСИ на својата интернет- страница. Оттаму уште им порачаа на корисниците да инсталираат нова заштита на своите компјутерите и да ги си сменат лозинките на нивната електронска пошта.

Од БСИ не даваат натамошни информации за хакерскиот упад, бидејќи полициската истрага се уште е во тек.