1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Украдени две слики на Едвард Мунх

„Вресок„ - една од украдените слики

„Вресок„ - една од украдените слики

Двајцата маскирани сторители кои зборуваа норвешки, како во гангстерски филм влегоа во музејот што го носи името на славниот норвешки сликар Едвард Мунх и пред очите на бројните посетители му се заканија со огнено оружје на едно од лицата задолжени за обезбедување. Според изјавите на очевидци тие очигледно точно знаеле каде се наоѓаат двете највредни слики во поставката, имено славниот “Вресок" и “Мадона“ и ги однеле заедно со рамките. Целата акција траела не повеќе од една минута.

Во норвешката јавност веднаш се појавија критики на сметка на слабото обезбедување на музејот, а министерот за култура Сварсад Хаугланд призна дека уметничкото богатство на земјата не било доволно обезбедено. Станува збор за национално богатство од непроценлива вредност, нагласи министерката Хаугланд. Само славниот “Вресок“ се проценува на 54 милиони евра.

Норвешката полиција и понатаму трага по сторителите. Засилена е контролата на сите гранични премини, но за сега е единствено пронајден автомобилот, со кој двајцата крадци избегаа.