1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Укинато ембарагото за увоз на челик во САД

По дваесет месеци американскиот претседател Џорџ Буш ја укина заштитната царина за увоз на челик со што го исполни барањето на Светската трговска организација. Таа таквата царина ја оцени како прекршок против глобалните принципи на светската трговија, а Европската унија од своја страна најави цела листа заштитни царини за производи од САД. ЕУ и германскиот министер за економија Волфганг Клемент го поздравија решението на американскиот претседател.

Рокот на Светската трговска организација истекуваше на 15 декември, по што ЕУ и другите земји производители на челик ќе можеа да воведат казнени царини за американските производи. Американскиот претседател Буш своето решение вака го образложи: "Американските потрошувачи и целата економија добиваат повеќе ако светот може слободно да тргува". Увозната царина од околу 30 насто за производите од челик неговата влада ја воведе во март минатата година. Образложението гласеше: потребни се три години за преструктуирање на американската челична индустрија. Сега Буш драстично го скрати тој рок. Трговскиот советник во американската влада Боб Цолик укинувањето го објаснува со фактот дека во меѓувреме челичната иднустрија во земјата застана на здрави нозе, па според тоа заканата на ЕУ за заштитни царини од 2,4 милијради долари не играла никаква улога: "Мораше да им се даде шанса на производителите да заздрават. Но, тоа не значи долгорочна заштита. Секако, некои посакуваа продолжување, но ако денес се погледа челичната иднустрија ќе се види дека се стабилизира, дури и напредна". Решението на бушовата влада сепак не беше лесно донесено. 150-те илјади вработени во американските топилници ќе играат значајна улога во изборите догодина. Во Охајо, Западна Вирџинија и Пенсилванија нивните гласови лесно можат да му ги дадат на бушовиот предизвикувач од демократската партија. Дик Гепхард, еден од нив, веќе ја критикуваше долуката на Буш за укинување на заштитната царина. Во бушовата математика улога играа и најавените контрамерки на ЕУ кои најмногу би ја погодиле Флорида, уште една сојузна држава што ќе му биде потребна за евентуалниот повторен избор. Сега е спречен и потенцијален трговски конфликт меѓу САД и ЕУ.