1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Укинати 12 членови од законот за лустрација

Уставниот суд на Македонија на денешната седница укина 12 спорни членови од законот за лустрација, чие важење беше замрзнато со претходната привремена мерка од јануари.

default

Уставните судии

Со најновата одлука на Уставниот суд лустрацијата се укинува за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори. Суд за оспорените одредби од Законот за лустрација поведе постапка во јануари, годинава.

Членовите се укинати од две причини. Првата е временското важење на Законот. Законодавецот, според Уставниот суд, непрецизно го определил времето и со таквата непрецизност ја оставил можноста временскиот опфат да се протега до денот на примената на Законот или дури десет години по формирањето на Комисијата за лустрација. Уставен смета дека лустрацијата треба да се смета до 91-та како што е наведено и во ниваната одлука од 2010-та година.
Втора причина е опфатот на субјектите на кои се однесува Законот. Во врска со поранешни носители на јавни функции, доколку не се кандидати или актуелни функционери, им се нарушува интегритетот и достоинството кои се уставна категорија.

Verfassungsgericht in Mazedonien

Уставниот суд на Македонија


Во меѓувреме владејачките партии изготвија нов закон за лустрација според
кој имињата на кодошите ќе бидат јавно објавувани како и документите кои
ја потврдуваат нивната соработка со тајните служби.
Овој закон ќе има поширок опфат, односно ќе се лустрираат и лицата кои се
збогатиле за време на приватизацијата. Новинарите, верските заедници,
политичките партии, невладините организации нема да имаат обврска да се
лустрираат, освен на нивно барање или ако бидат пријавени како сомнителни.
Новиот закон ќе го опфаќа периодот од 1944. година до 2006. година, кога
почнал да се применува Законот за слободен пристап до информации.

Поврзана содржина