1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Узбуна кај македонските тутунари

Иницијативата на Канада до СЗО да се забрани употребата на адитивите кои се користат во производството на бленд цигарите ги вознемири производителите на тутун во Македонија.

default

Производството на тутун носи големи приходи за државата

Во барањето на Канада за забрана на адитивите, тутунарите и производителите гледаат опасност за целиот бизнис поради фактот што во производството на бленд цигарите се употребува и ориенталниот тутун, кој доминантно се сади во Македонија.

Експертите смируваат дека иницијативата се однесувала само за адитивите, односно тутунот од типот Берлеј, кој заедно со Вирџинија и ориенталниот се користи за производство на најпродаваната цигара.

Има ли или не место за загриженост

Производителите се сепак загрижени дека усвојувањето на предлогот ќе предизвика несакани последици. Кирил Филиповски од Здружението на производители на тутун за Дојче веле објаснува дека доколку се усвои забраната тогаш бленд цигарите нема да се произведуваат. Со тоа според него ќе се стави под прашање и ориенталниот тутун, односно ќе мора да се бараат начини за негова нова употреба во други цигари, што пак носи неизвесност околу прашањето дали таквиот тутун би се прифатил од пушачите.

Zigarettenschachteln im Regal

Во бленд цигарите се употребува и ориентален тутун

Професорот Златко Арсов од скопскиот Земјоделски факултет смета дека доколку оваа иницијатива се изгласа дури и би се зголемила побарувачката на ориенталниот тутун, кој не спаѓал во адитиви за производство на цигари. Главниот проблем според него е во обврската која ќе произлезе за производителите за промена на технологијата. Арсов смета дека никаде во иницијативата на Канада нема барање за забрана на ориенталниот тутун. Сепак тој сугерира Македонија да се спротистави на иницијативата.

Инаку македонската влада формира специјален тим составен од четири министерства, за земјоделство, здравство,економија и надворешни работи, кој го анализира проблемот. За предлогот на Канада, Светската здравствена организација ќе се изјасни на средината на наредниот месец. Од производството на тутун во Македонија егзистираат 35 илјади семејства. Станува збор за бизнис кој годишно носи профит од околу 80 милиони евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска