1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ужасни слики кои не излегуваат од глава

Експлозии на бомби, нагазни мини - сеќавањата на настаните за време на воените задачи може да доведат и до психички трауми кај војниците. На војниците во Полска им се нуди антистрес - тренинг за да ги надминат траумите.

default

Црното секојдневие на НАТО војниците

Лекувалиштето Бад Ландек во југозападна Полска. Шеталиштето на бањата е полно со гости, други пак седат на клупа и уживаат во сонцето. Сите изгледаат опуштено. Низ паркот, млад маж се шета со една жена, а околу нив трча весело дете. Идеално место за опуштање, вели со насмевка мускулестиот маж. Марек има речиси 30 години. Тој е професионален војник. Пред една година се врати од Ирак, таму беше на задача 9 месеци. Девет месеци постојано под стрес, вели Марек и длабоко размислува: „Па да, прижевеав многу во Ирак. На пример имаше напад врз нашиот конвој. Секој пат кога патролиравме, многу ни беше страв. Или успева или не.“

Воената мисија во Ирак оставила длабоки траги врз психата на Марек. Некои слики се‘ уште му се пред очите, како онаа на пример кога неговите колеги, за време на патролата нагазиле мина, по што нивното возило било дигнато во воздух: „Оваа експлозија на мина беше сосема во близина на мојот конвој. Откако се вратив во Полска, секогаш возев кон средината на улицата, само не до тротоарот. На работ од улицата би можело нешто да експлодира. Секогаш бев вознемирен и постојано гледав наоколу.“

Траумите да не предизвикаат долгорочни психички проблеми

Ungeklärte Explosion im Irak

Трагичните сеќавања ќе се намалат со антистрес тренингот

Сега Марек учествува на антистрес-тренингот. Овој тренинг би требало да му помогне да ги преброди лошите доживувања и психичките оптоварувања од воената задача. Од пред пет години, полските војници, кои биле на воена задача во странство, може да учествуваат во антистрес-тренинг. Тренингот трае две недели, бесплатен е и се одржува во едно полско лекувалиште. Тоа е еден вид психичка заштита за војниците, објаснува Анджеј Забјелски, еден од основачите на оваа антистрес-терапија: „Сакаме, на оние луѓе, кај кои настаните и сликите оставиле длабоки траги, да им ја дадеме можноста да се ослободат од овие мисли, да зајакнат психички и да ги надминат оптоварувањата, за овие тешкотии да не се продлабочат и да не предизвикаат долгорочни псхички попречувања кај војниците. Психичките попречувања често се развиваат во болест.“ Целта е да се одбегне, терапијата на војнцитите да се одвива стационарно во одделите за психолошки третман на клиниките.

Еден од учесниците на антистрес-терапијата е и Павел, кој шест месеци бил во Авганистан. Дваесетипетгодишниот војник се вратил дома пред повеќе од една година, но вели дека ужасните слики се‘ уште го следат: „Најлошо беше кога бевме под отворен оган. Беше пукано врз нашата база, сосем во близина каде што бевме сместени. Такво нешто останува во глава засекогаш.“

Повторно „на задача“ само поради добри пари

Afghanistan Kabul Soldaten Patrouille Kandahar

И покрај се‘, предизвикот за нови воени задачи е голем

Раздразливост, проблеми со спиењето, пречки во концентрацијата, повлекување од средината или емотивна отапеност, па се‘ до тешка депресија, тоа се симптомите кои би можеле да се појават кај војниците кои биле на воена задача во странство, објаснува психологот Анджеј Инглот, кој се грижи за војниците во Бад Ландек. „Ирак и Авганистан – таму се води војна. Секој од нив има страв, нормално. Некој помалку, некој повеќе.Кога ќе се вратат, војниците делуваат нервозно и вознемирено", вели тој.

Разговорите со психолози, можноста да излезат од дома и 14 денови постојано да бидат со семејството покрај себе – се суштински составни делови од лечењето. За многу војници, овие две недели во лекувалиштето се голема шанса и надеж да ги остават зад себе трауматските доживувања. Но и покрај се‘, искушението повторно да одат на воена задача во странство е големо. Полските војници добиваат плата од околу 500 евра, а при воена задача во странство примањата се движат до 3000 евра во месецот. И Марек, кој ја завршува својата терапија во Бад Ландек, повторно би одел во воена мисија, доколку успее да ги остави зад себе ужасните слики од Ирак. Младиот војник е убеден дека со помош на антистрес-тренингот ќе успее во тоа.

Автор: Јустина Бронска / Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска