1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

УЕФА воведува „недела на фудбалот“

УЕФА за квалификациите за ЕП 2016 предвидува натпревари во квалификациските кола да се играат секојдневно во текот на една цела недела (освен среда) наместо како досега на однапред фиксирани денови (петок и вторник).

Европската фудбалска унија (УЕФА), го објави форматот на квалификации за Европското првенство во 2016 година, кое ќе се одржи во Франција.

На Еуро 2016 година, за првпат ќе се натпреваруваат 24 репрезентации, а во квалификациите ќе стартуваат 54 национални тимови. Покрај домаќинот Франција, пласман на првенството, ќе изборат победниците и второпласираните репрезентации во деветте квалификацски групи, најдобрата третопласирана селекција, додека останатите осум третопласирани репрезентации ќе играат бараж, по кој ќе бидат познати последните четири учесници на Еуро 2016. Досега на Европските првенства учествуваа 16 тимови.

Кога станува збор за одигрувањето на натпреварите во квалификациите, тука УЕФА ќе направи најголеми промени, односно ќе воведе „недела на фудбалот“, во која единствен ’нефудбалски ден’ ќе биде среда. Ова значи дека квалификациски натпревари ќе се играат во понеделник, вторник, четврток, петок, сабота и недела. Што значи оние екипи кои ќе играат во четврток наредниот натпревар ќе го играат во недела, оние кои играат во петок наредниот меч ќе им биде во понеделник, оние кои играат во сабота повторно ќе играат во вторник. Досега квалификациските кола се играа во претходно утврден ритам петок-вторник.

„Секој ден ќе се играат осум до десет натпревари наместо како сега 20 до 30. Натпреварувањето со тоа ќе биде далеку попрегледно“ , изјави генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино. Извлекувањето на квалификациските групи ќе се оддржи на 23 февруари нареднта година во францускиот град Ница. Еуро 2016 ќе се игра во Франција од 10 јуни до 10 јули.