1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Удар против пиратеријата со лекови во Кина

Кинеската полиција презема одлучна акција против трговијата со фалсификувани лекарства. Во акцијата се уапсени 2.000 лица и конфискувани фармацевтски производи во вредност од 180 милиони долари.

Здравствениот систем на Кина редовно го потресуваат скандали, а одговорните во Пекинг редовно ветуваат дека ќе преземат одлучни мерки. Овојпат полицијата презема сериозна акција. Ширум земјата беа активирани 18.000 полицајци за спроведување на акцијата против пиратеријата со лекарства. Притоа речиси 2.000 лица се уапсени поради фалсификување на лекарства, јавија кинеските власти. При рациите во цела Кина биле конфискувани имитирани препарати во вредност од повеќе од 180 милиони долари. Притоа биле уништени и околу 1.100 лаборатории за произодство, велат од кинеското министерство за здравство.

Пиратеријата на фармаколошки производи станува „се’ порафинирана“

Фалсификуваните лекарства биле наменети против дијабетис, висок крвен притисок или беснило. Тие биле нудени преку интернет, огласи во весниците или преку телевизијата. И покрај успехот на оваа голема акција во соопштението на кинеското министерство се вели: „Фалсификувањето на медикаменти не е искорнато. Криминалците плетат нови планови и при нивните измами стануваат порафинирани“.

Од скандалите кои изминатите години го погодија кинеското здравство, најголемо внимание предизвика скандалот со прашокот за млеко затруен со меламин. Меламинот се употребува при производство на пластика и симулира висок процент на протеини. Во 2008 година, по консумирање на млеко со меламин починаа шест деца, а заболеа 300.000. Стандардите честопати не се почитуваат ниту кај играчките, пастата за заби, детската облека или пневматиците.