1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Удар за претседателската кандидатура на Мит Ромни

Кандидатурата на Мит Ромни за претседател е погодена од повлекувањето на Рик Пери од трката и поништувањето на неговата победа против Рик Санторум во Ајова.

default

На Мит Ромни се гледа како на предводник во трката

Гувернерот на Тексас Рик Пери ја повлече својата претседателска кандидатура во четвртокот (19.01.2012), подржувајќи го Њут Гингрич, поранешниот претседател на Претставничкиот дом на САД, за номинација од страна на Републиканците.

„Дојдов до заклучок дека нема остварлив пат нанапред за мене во оваа кампања“, рече Пери на пресконференција во Норт Чарлстон, Јужна Каролина.

„Знам кога е време да се направи стратешко повлекување“, додаде тој.

Повлекувањето е пречка за главниот конкурент, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, на кого се гледа како на релативно умерен кандидат, кој профитира од големиот број кандидати кои се борат за поддршка меѓу конзервативното крило во партијата.

Поддршката на Пери се намали во минатите месеци, по серијата засрамувачки грешки во изборната кампања. Тој заврши на петото место во Ајова и на шестото место во Њу Хемпшир. Изборите во Јужна Каролина, пак, покажаа дека тој има само пет проценти од гласовите.

USA Rick Perry scheidet aus Rennen um Präsidentschaftskandidatur aus

Пери нема да земе учество во четврточната телевизиска дебата

Поддршката за Пери е голем поттик за Гингрич, кој сега станува фаворит пред Ромни. Четирите кандидати кои преостанаа – Гингрич, Ромни, Рик Санториум и тексашкиот ветеран-конгресмен Рон Паул, ќе се натрпеваруваат в четврток вечер во последната дебата во Јужна Каролина пред гласањето в сабота.

Пребројувањето на резултатите во Ајова

Друга голема пречка во четвртокот беше поништувањето на победата на Ромни во внатрешните избори во Ајова. Резултатите објавени од Републиканската партија во Ајова покажаа дека конзервативниот христијанин Рик Санториум победил со 34 гласа, и покрај тоа што во текот на ноќта Ромни беше прогласен за победник со само осум гласови предност.

Сега Ромни падна на второто место. Резултатите од осум области недостасуваат и можно е конечниот исход од гласањето никогаш да не биде познат. Мормонецот конзервативец водеше во натрпеварот за избор на противник на претседателот Барак Обама во ноември, откако на 10-ти јануари убедливо победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир.

Гингрич заостана двоцифрено зад Ромни на изборите во Јужна Каролина. Како и да е, последните истражувања покажуваат дека тој брзо му се доближува на капиталистот мултимилионер.

Автор: Шарлоте Челсом-Пил/ Александар Методијев

Редактор: Ж.Ацеска