1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Угледот ни е само малку подобар од трговците со дрога“

Најголемата финансиска криза по големата депресија од 30 години на минатиот век почна пред скоро две години. Како изгледа ситуацијата денес? Дали банките извлекоа поука од кризата или им се вратија на старите навики?

default

„Според анкетите, банките се наоѓаат на самото дно. По нас следуваат само уште проститутките и дилерите на дрога.“ Ова неодамана го изјави еден банкар за време на подиумска дискусија во Франкфурт. Во екот на финансиската криза, на банкарите очигледно не им преостанува ништо друго, освен

Logo des Finanzdienstleisters Goldman-Sachs

здрава доза иронија. Довербата во банките претрпе значителни штети. „Сосема оправдано, бидејќи претераа со влегувањето во ризични зделки, некои банки правеа работи, што едноставно беа целосно неоправдани“, вели експертот по банкарство и економија Рајнард Шмит од Универзитетот во Франкфурт. Шефот на банката „Голдман сакс“, Лојд Бленфајн, претходно тврдеше дека банките биле „божји инструменти“ на земјата. Сепак, има и такви претставници на финансиската бранша кои се поскромни и се подготвени на самокритика: „Една од последиците на кризата е да се согледа и признае фактот дека финансискиот систем има улога на услужна дејност за стопанството, а не да се верува дека финансискиот систем е самодоволен и дека е центар, па дури и господар на светот“, истакна пред неколку недели шефот на Надзорниот одбор на Германската берза, Манфред Генц.

Повторно милионски добивки

Deutschland Finanzkrise Börse in Frankfurt Aktienmarkt mit kräftigen Gewinnen

Банкарите во меѓувреме повторно задоволни

Нема ни трага од големи кампањи за подобрување на имиџот на банкарскиот сектор, а акционерите како Клаус Нидинг сметаат дека по зборовите, треба да следат и дела. „Кога човек ќе види за кои бизниси одеднаш повторно се разговара, кога ќе види какви дискусии се водат за платите и слично, кога ќе види какви дискусии се водат околу мерките за регулирање на банкарскиот систем - станува јасно дека регулирањето повторно се демонизира и се избегнува. Во тој поглед сметам дека е потребна длабока промена во начинот на размислување, а може и саркастично да се праша, кои работи навистина трајно ќе се сменат?“

Всушност многу банки нотирани на берзата веќе повторно бележат добивки во милијарди. „Дојче банк“, „БНП Парибас“ во Франција или „Беркли“ од Англија - се чини како да излегле од кризата и повторно заработуваат пари преку оспоруваното инвестициско банкарство. Така погледнато, тие им се вратија на старите навики од пред кризата. Меѓутоа, во друг поглед, тие сепак научиле нешто од неа: „Драстично намалија одредени ризици и воведоа значителни промени во интерниот контролен систем. А тоа се многу значајни чекори, кои претходно беа во очајна состојба. Промените што се случија кај некои банки се навистина значителни“, вели Рајнхард Шмит, експерт по банкарство и економија од Универзитетот во Франкфурт.

Како понатаму?

Markenartikel Deutsche Bank

Банките го менуваат начинот на работа

Сепак, многу малку од сите досега преземени мерки добија законска подлога, велат критичарите. Она што е сепак позитивно, тоа е фактот дека по кризата наголемо се дискутира каде може или каде треба да води патот во иднина? „Задача на политичарите треба да биде да проверуваат дали банките стануваат премногу самостојни, односно да не се оддалечуваат многу од она што е нивна традиционална задача, имено давање кредити за претпријатијата. Сметам дека се преземаат многу мерки. А околу тоа дали банките се на пат да им се вратат на старите навики, мора да се разликува меѓу континентално-европските и англосаксонските банки. Кај овие вторите ми се чини дека на дневниот ред повторно е ’business as usual’ “, оценува професорот Рајнхард Шмит од Универзитетот во Франкфурт.

Автор: Миша Ерхарт/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска