1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Уве Зелер го прослави 70-от роденден

Гермаснкиот фудбалски сојуз го прослави роденденот на Зелер и го прогласи за постојан член на делегацијата на сојузот на патувањето на националната репрезентација.

Уве Зелер

Уве Зелер

За Германскиот фудбалски сојуз изминатите денови донесоа малку славење се славеше во Хамбург, славеник беше фудбалскиот идол Уве Зелер, кој наполни 70 години. По тој повод Германскиот фудбалски сојуз го прогласи за постојан член на делегацијата на сојузот на патувањата на националната репрезентација. Во новата улога Зелер, кој инаку веќе е и почесен капитен на репрезентацијата, ќе се најде веќе на 15-ти овој месец на натпреварот против Кипар. “Подготвен сум за новата работа. Се’ е во најдобар ред. Ако остане ваќа, ќе бидам задоволен во наредните години” – рече Зелер на приемот по повод 70-от роденден.

На стадионот во Хамбург се наоѓа неговото три ипол метри високо, во бронза излеано стапало. И тоа е едно од многубројните признанија за Зелер. Тој е првиот германски спортист што го доби највисокото одликување Сојузниот крст за заслуги, беше првиот што беше прогласен за фудбалер на годината во 1960-та, а од 1972-ра година е почесен капитен на репрезентацијата на Германија.

Во неа дебитира на 17-годишна возраст – Зелер и натаму е најмладиот репрезентативец на сите времиња. 72 пати настапи во дресот на репрезентацијата, притоа постигна 43 голови. Учествуваше на 4 светски првенства. “Сите светски првенства чудесно ги доживеав. Тоа беше прекрасно време. Бев радосен што можев да учествувам” – вели Зелер, без да искаже жалење што не успеа да освои ниту една титула светски првак. Во 1966-та беше близу до неа – во финалето Германија е поразена со 4 спрема 2 од домаќинот. Третиот гол на Англија до денес е спорен. “За голот веќе не би сакал да зборувам, оти и не беше гол, но ние загубивме против првокласен, супер тим на Англија – мислам дека тие би биле радосни да имаат денес во своите редови такви извонредни играчи – и Англија заслужено беше светски првак” – вели големиот спортсмен.

Уве Зелер, син на работник во хамбуршкото пристаниште, никогаш во кариерата не играше за друг тим, освен за својот Хамбургер. За него одигра 476 прволигашки натпревари и постигна преку илјада голови, со него пред 46 години ја освои титулата првак на Германија.

Зелер има три ќерки и во меѓувреме седум внуци. Иако беше и остана идол на нацијата, остана цврсто на земја. По фудбалската кариера беше поуспешен како деловен човек, отколку повремено како претседател на клубот. Хоби му е играње голф, а со селекција на фудбалски ветерани настапува за хуманитарни цели.