1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Убиствата се против европските вредности

Реакции за убиството на петте лица во Македонија денеска стасаа и од европратеничката Тања Фајон, српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ и турската амбасада во Скопје.

Словенечката европратеничка Тања Фајон, член на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа и известувач за визната либеразлизација за земјите од Западен Балкан, најостро го осуди грозоморното убиство кај скопско Смиљковци.

„Длабоко жалам за бруталното убиство на петте лица во близната на Скопје и им испраќам најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите“, пишува Тања Фајон во соопшението до медиумите како рекакција на настаните во Македонија.

Ttanja Fajon

Европратеничката Тања Фајон укажува дека убиствата и етничките тензии се против европските вредности

Таа ги повикува граѓаните да останат смирени и да се воздржат од понатамошни инциденти.

„Тоа е многу важно, исто како што е важно да се најдат сторителите на убиствата и да се делува смирено и мудро“, посочува словенечката европратеничка, додавајќи: „Апелирам до властите во Скопје да направат се' што е во нивна моќ за да се осигура безбедната средина за сите граѓани на нивната земја и за да се врати веднаш мирот во земјата“.

„Ваквите убиства и етнички конфликти се неприфатливи и се против европските вредности – почитувањето на демократијата, владеењето на правото и почитување на малцинствата. Охридскиот договор е од витално значење за Македонците на патот кон ЕУ. Секое понатамошно етничко насилство сериозно ќе го загрози тој пат и слободата на движење, кое граѓаните на Македонија и Албанија го уживаат од укинување на визите за патување во земјите од шенгенскиот простор“, нагласува словечката европартеничка Тања Фајон.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска изјави дека инцидентите во Македонија се еден „опасен тренд“ и дека лесно може да прераснат „во нешто посериозно“.

Serbiens Außenminister Vuk Jeremic bei einer Rede während einer Sondersitzung zur Unabhängigkeitserklärung des Kosovos der OSZE in Wien

Инцидентот го осуди и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ

„Не би требало површно да се доживуваат ваков вид на инциденти, посебно ако се на етничка основа. Еден таков инцидент на Балканот може многу лесно да се распламти и прерасне во нешто многу посериозно“, рече Јеремиќ, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Чачак. Шефот на српската дипломатија напомена дека случувањата се „внатрешна работа на Македонија“.

Амбасадата на Република Турција во Македонија преку соопштение изрази жалење поради убиството на петте лица крај Железарското езеро, во близина на скопското село Смиљковци.

„На блиските на загинатите во злосторството им изразуваме сочувство и посакуваме трпение. Наша желба е истрагата предводена од страна на македонските власти наскоро да даде резултат и случајот да се разјасни. Од друга страна посакуваме овој трагичен случај да не ги засени желбите на сите државјани на пријателска и братска Република Македонија во нивниот заенички соживот во мир и безбедност“, се наведува во соопштението од турската амбасада.

Во текот на вчерашниот ден реагираше и американската амбасада и делегацијата на ЕУ во Македонија, а денеска осуда за инцидентот и повик за смирување на страстите стаса и од седиштето на ОБСЕ.