1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Убиецот од Аеродром се предал сам

МВР официјално потврди дека го уапсило лицето кое синоќа смртно застрела три лица во ресторан во скопската населба Аеродром. Мотив за убиството, според сегашните сознанија, се нерасчистени должничко-доверителски односи.

default

Убиството се случи во рибниот ресторан во населбата Аеродром

Станува збор за скопјанецот со иницијали Т.Д. кој синоќа околу 19 часот и 40 минути со автоматско пушка ги застрела Јордан Јорданов и Влатко Андреев, двајцата од

Mazedonien Mord in Skopje

За денеска се најавени детали за случајот

Велес, и Владо Милошев, вработен во МВР. Убиството се случи во рибниот ресторан „Биг фиш“, кај ТЦ „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром. Осомничениот за убиството утрината сам се предал на полицијата, изјави за Дојче веле министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Истрагата е во тек. Во инцидентот едно лице почина на местото на настанот, а две беа повредени и пренесени во Ургентниот центар.

„Во Ургентниот центар беа донесени две лица со прострелни рани. Едниот од нив починал веднаш им подлегнал на повредите, а другиот починал во операциската сала. Имал прострелни рани во пределот на главата и градниот кош“, изјави Реџеп Селмани,

Автор: КД/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска