1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиецот од аеродромот во Лос Анџелес е 23-годишно момче

Полицијата од Лос Анџелес соопшти дека напаѓачот кој вчера нападна вработени на аеродромот е 23-годишно момче, кое оставило пораки со критики кон властите и вработените во агенцијата за безбедност во авиосообраќајот ТСА.

Напаѓачот, кој уби еден службеник на ТСА и рани уште две лица, е идентификуван како Пол Антони Цианција, и бил уапсен од страна на полицијата по кусата престрелка која предизвика неколкучасовна блокада на Терминалот 3 на аеродромот и евакуација на илјадници патници.

„Бев во ходникот кога човек помина покрај мене со пушка во раката. Ме погледна и праша дали сум од ТСА. Кога одмавнав со главата, само продолжи“, изјави Леон Сарјан, патник кој преживеал блиска средба со убиецот.

USA Los Angeles Flughafen Evakuierung Schießerei

По пукањето настана хаос во дел од аеродромот

Цианциа нападот го извршил кога влегол во терминалот со торба во која криел пушка и отворил оган кон пункт за проверка на документите на патниците, каде има повеќе вработени на ТСА. Полицијата го истражува мотивот за нападот на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, кој е еден од најголемите во светот. Таа во истрагата не ја исклучува можноста дека можеби се работи за терористички напад. Полицијата информираше дека напаѓачот е американски државјанин.

Убиениот вработен на ТСА, Херардо Хернандез (39), бил агент задолжен за откривање на сомнително однесување на патниците. Уште двајца негови колеги се ранети, а четири други лица биле повредени во мешаницата која настанала по престрелката.

Откако Цианција пукал, продолжил да се движи низ терминалот барајќи дополнителни жртви. Во намерата го спречила полицијата, која пукала и го ранила. Кога го уапсила, полицијата кај него нашла големо количество муниција.

„Имаше повеќе од 100 парчиња кои буквално можеле да го убијат секого кој се нашол на терминалот“, информираше градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети.

USA Infrastruktur Los Angeles Flughafen

Бројни летови беа одложени или пренасочени поради нападот на аеродромот

Пред нападот, Цианција испратил порака до семејството во која најавил дека ќе си го одземе животот. Во неговата торба биле пронајдени стотина куршуми и материјали со пораки насочени против властите и ТСА, но засега не се откриваат попрецизни детали за мотивите на Цианција.

Обезбедувањето на аеродромот не врши проверка на влезот, туку на пунктовите пред влезот во самите авиони, поради што Цианција успеал да навлезе длабоко во терминалот пред да го започне нападот.

Поради пукањето на аеродромот, вчера беа одложени, приземјени или пренасочени околу 750 летови. Улиците околу аеродромот беа блокирани со часови, поради што се создадоа долги колони со возила.