1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен францускиот сериски убиец

Осомничениот сериски убиец од Тулуз е мртов, пренесуваат фрнацуските медиуми повикувајќи се на полициски извори. Елитните единици влегоа во неговиот дом. Лицето претходно пружало отпор.

Осомничениот сериски убиец од Тулуз е мртов. Телевизиската станица БМФ ја пренесе веста повикувајќи се на полициски избори. По повеќе од 30 часовна опсада, елитните единици влегоа во домот каде се криеше осомничениот. Лицето најверојатно починало во жестока престрелка со полицијата. Од зградата пет минути се слушале серија истрели од автоматско оружје и експлозии.

Во престрелката се повредени и тројца полицајци, јавува француска телевизиска станица. Едниот од нив се здобил со тешки повреди.

Последниот контакт со осомничениот атентантор полицијата го имала синоќа околу 22 часот и 45 минути, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.

Исламистот Момахед Мерах се сомничи дека убил седум лица во јужна Франција, меѓу нив три деца и тројца француски војници со арапско потекло.