1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен уште еден нуклеарен научник во Иран

Во експлозија на автомобил-бомба во Техеран, загина едно, а повредени се уште две лица.

default

Автомобилот на загинатиот научник

Хемискиот експерт, професорот Мостафа Ахмади Рошан, кој работел на развој на иранската нуклеарна програма загина, а уште две лица се повредени во експлозијата на автомобил-бомба во близина на факултетот за општествени науки на Техеранскиот универзитет.

Според последните информации, моторциклист закачил бомба на возилото на научникот.

32-годишниот Рошан бил задолжен за збогатување ураниум во централата Натан, во централен Иран.

Денешниот напад наликува на нападите извршени пред една година врз нуклеарни експерти. Иранските власти веднаш за најновото убиство го обвини Израел.

„Ционистите се обидуваат да ги заплашат граѓаните да не излегуваат на следните избори“, изјави Сафар Али Братло функционер во локалната власт во Техеран. Парламентарните избори во земјата се закажани за 2 март.

Иранската влада и парламентот го осудија инцидентот и ги обвинија „империјалистичките сили“, Израел и САД дека се вмешани во атентатот.

Iran Urananreicherungsanlage in Natans

Централата во Натан

„Непријателите на Иран треба да знаат дека вакви терористички акти нема да го сопрат научниот напредок на Иран“, изјави потпретседателот на државата Мохамад Реза Рахими.

Тројца други ирански научници беа убиени во 2010. и 2011 година кога нивните автомобили експлодираа во слични околности. Најмалку двајца од загинатите научници работеле на иранската нуклеарна програма.

Шефот на нуклеарната програма Ферејудин Абаси избегна обид за атентат во ноември 2010 година, кога заедно со сопругата успеа да избега од автомобилот, кусо пред експлозијата.

Автор: БГ/афп/дпа

Редактор: Е.М. Фиданоска