Убиен политичкиот лидер на Тамилските тигри | Вести | DW | 02.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Убиен политичкиот лидер на Тамилските тигри

*

Политичкиот водач на тамилските бунтовници на Шри Ланка е убиен во воздушен напад на владините сили. Тамилселван бил убиен, во градот Клиночи, кога било бомбардирано местото на кое одржувале средба водачите на бунтовниците. Во нападот биле убиени уште петмина други високи офицери. Тамилселван ги претставуваше бунтовниците на мировните разговори со владата и одржуваше контакт со норвешките посредници.