1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен Осама Бин Ладен

По 10-годишна потрага, најбараниот терорист во светот Осама Бин Ладен е пронајден и убиен. Веста, рано утринава ја соопшти американскиот претседател Барак Обама, кој оцени дека правдата е задоволена.

Осама Бин Ладен е убиен во близина на Исламабад

Осама Бин Ладен е убиен во близина на Исламабад

Осама Бин Ладен е убиен синоќа во близина на главниот град на Пакистан, Исламабад, а неговото тело е во рацете на американските тајни служби. Американскиот претседател Барак Обама, во драматично обраќање до нацијата доцна во ноќта, оцени дека правдата е задоволена.

Во Вашингтон илјадници луѓе излегоа пред Белата куќа, а во Њујорк, пред урнатините на Светскиот трговски центар, стотици луѓе ја прославуваат веста за

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека правдата е задоволена

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека правдата е задоволена

смртта на најбараниот светски терорист. Многу Американци се откажаа од надежта дека човекот кој ги организираше терористичките напади од 11 септември воопшто ќе биде пронајден или убиен.

Операција на американските специјални сили

Разузнавачки податоци кои биле следени од август минатата година, ги довеле американските тајни служби до трагата на Бин Ладен, соопшти Обама. Наредбата за негова елиминација, американскиот претседател ја издал во петокот.

„САД изведоа операција во која е убиен Осама Бин Ладен, лидерот на Ал Каеда и терорист кој е виновен за смртта на илјадници мажи, жени и деца“, рече Обама.

Во престрелката која траела околу 40 минути, биле убиени уште четири лица, три мажи и една жена, соопштија американски претставници. Меѓу жртвите е и еден од синовите на Бин Ладен, а за другите двајца се смета дека му биле лични курири на терористот. Уапсени се уште шестмина синови на Бин Ладен, три негови сопруги и други четворица соработници. Анонимни претставници на пакистанските безбедносни сили потврдија дека операцијата ја извеле припадници на американските специјални сили.

Славје пред Белата уќа по веста за смртта на Бин Ладен

Славје пред Белата уќа по веста за смртта на Бин Ладен

Очевидци од градот Аботабад, каде што се криел Бин Ладен, велат дека во нападот учествувале повеќе авиони и три хеликоптери, од кои еден се урнал во центарот на градот.

Честитки и олеснување

Првата честитка на адреса на Обама пристигна од поранешниот претседател Џорџ Буш, кој и‘ вети на нацијата дека ќе го пронајде Бин Ладен, но не успеа. Бројни светски државници утрово се придружија кон честитките.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека убиството на Бин Ладен е триумф на демократијата и на демократските сили во војната против тероризмот, додека британскиот премиер Дејвид Камерон ја оцени ликвидацијата на светскиот терорист како олеснување за целиот свет.

Автор: БГ/афп/ап/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема