1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен најбараниот терорист во Индонезија?

Во неколку рации на индонезискиот остров Јава, според индонезиските медиуми, веројатно бил убиен најбараниот терорист во Југоисточна Азија, Нордин Топ. Досега нема официјална потврда за тоа.

default

Нордин Топ, стратегот на теророт во Индонезија

Полициската акција од изминатата ноќ беше пренесувана на индонезиската телевизија како „брејкинг њус“. Специјалните сили на индонезиските анти-терористички единици, ноќеска прво претресле една работилница во Темангунг, во централна Јава и притоа дошло до престрелка со три или четири лица кои се наоѓале таму. Полицијата се‘ уште не потврдила дали меѓу повредените или убиените е и Нордин Топ. Тој е обвинет за голем број терористички напади во изминатите години, меѓу кои и бомбашките напади на островот Бали во 2002 и 2005 година, нападот врз хотелот Мариот и врз австралиската амбасада во Џакарта во 2003 и 2004 година.

Indonesien Noordin Top

Куќата каде што се криел Нордин Топ

Важен успех во борбата против тероризмот

Тој важи за клучна фигура во борбата против тероризмот во Југоисточна Азија, вели експертот за тероризам, Роан Гунарата:

„Апсење или убиство на Нордин Топ би бил важен успех за заштита на националната безбедност во Индонезија. Во спротивно, би морало да се смета со натамошни напади, зашто Нордин Топ е водач на една од најопасните групи што се отцепија од Џама Исламија. “

Автор: Бернд Муш Боровска/ Елизабета Милошевска Фидановска

Редактор: Симе Недевски