1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Убиен заменикот ирачки министер за надворешни работи

Холандија одреди датум за повлекување на своите војници од Ирак-март следната година

default

Серијата атентати врз членови на ирачката преодна влада во Ирак однесе уште една жртва-заменикот ирачки министер за надворешни работи Басам Салих Куба е убиен денеска во сунитско предградие на Багдад.Како што соопшти претставник на Министерството,Куба бил нападнат за време на патот кон работното место,а им подлегнал на повредите отакако бил пренесен во болница.

Убиениот 60 годишен Куба беше еден од повеќемината заменици министри и одговорен за правните прашања.

Во истиот дел на градот,кој важи за упориште на поддржувачите на соборениот Садам Хусеин,во средата беше извршен обид за напад врз член на ирачката влада.Кон крајот на мај беше убиен и претседателот на во меѓувреме разрешениот владин преоден совет.

Последниот атентатат се случува на само две и пол недели до планираното предавање на суверенитетот врз Ирачаните.

Зад последните атентати се претпоставува дека стои терористичка група предводена од членот на Ал Каеда Абу Мусаб ел Заркави.

Американците остануваат на намерите и покрај сето ова,а можеби и токму поради тоа,да ја предадат што побрзо сувереноста назад во рацете на Ирачаните.Обидот на американскиот претседател Џорџ Буш да изврбува засилен ангажман на НАТО на самитот на Г8 не успеа.Никоја од земјите членки на Алијансата освен Велика Британија не е подготвена да се ангажира воено во Ирак.

Најава за уште позабразано повлекување од таму стигна од Холандија.Нејзините 1350 стационирани војници во Ирак Холандија сака да ги повлече до март следната година.Натамошно продолжување на нивниот ангажман не е планирано,најави премиерот Јан Петер Балкененде.