1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Убиен еден од јужнокорејските заложници во Авганистан

*

Талибанските борци убија еден од 23-та јужнокорејски заложници- потврди владата во Сеул. Авганистанската полиција го пронашла исрешетаното тело на заложникот во провинцијата Гаши , јужно од Кабул . Прострелни рани биле пронајдени во главата , градите и стомакот. Претставник на Талибанците претходно изјави дека заложникот бил убиен , бидејќи не било исполнето нивното барање за ослободување на соборците кои се наоѓаат во авганистанските затвори.