1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен вториот човек на Ал Каеда

Вториот човек на терористичката организација Ал Каеда загинал во напад на беспилотно летало во Пакистан, тврдат американски извори. Либиецот Атија Абд ал-Рахман бил убиен уште во понеделникот во регионот Вазиристан.

default

Тоа го соопшти висок претставник на американската влада во Вашингтон, без да наведе повеќе детали околу околностите под кои загинал Ал-Рахман. Според Вашингтон, тој бил вмешан во планирањето на голем број терористички напади и неговата смрт претставува голем удар за терористчката организација. По смртта на Бин Ладен, во мај во Пакистан, Ал-Рахман бил „унапреден“ и ја добил функцијата главен организатор на Ал Каеда, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори од тајните служби.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска