1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен воениот командант на либиските бунтовници

Воениот командант на либиските бунтовници, генералот Абдел Фатах Јунес, поранешен припадник на режимот на Гадафи кој им се приклучи на востаниците е убиен потврди лидерот на бунтовничкото движење Мустафа Абдул Џалил.

default

Убиениот командант Абдел Фатах Јунес

Главниот воен командант на либиските бунтовници, Абдел Фатах Јунес, е убиен вчера заедно со двајца негови помошници. Тие биле застрелани од група вооружени лица на патот кон градот Бенгази. Тоа го соопшти претседателот на Преодниот национален совет на Либија, Мустафа Абдул Џалил, додавајќи дека лидерот на групата што го извела атентатот е веќе уапсен.

Јунес е поранешен министер во владата на Гадафи, кој реши да им се придружи на бунтовниците. Тој во Бенгази требаше да биде распрашан околу сомневањата дека преку членови од семејството се` уште одржува контакт со либискиот лидер.

Автор: ТТ/ дв

Редактор: Симе Недевски