1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиен водачот на Фарк

Водачот на левичарската герилска група Фарк и најбараниот човек во Колумбија, Алфонсо Кано, убие е во напад на војската на југот на земјата.

default

Алфонсо Кано

Веста за убиството на Кано ја сооппти колумбискиот претседател Хуан Мануел Санстос.

„Смртта на Алфонсо Кано е потврдена. И‘ го зададовме најтешкиот удар на оваа организација во целата нејзина историја“, изјави Сантос во говорот кој го пренесуваше националната телевизија.

„Мораме да работиме на тоа Колумбијците да имаат мир во земјата, а насилството не е патот дотаму. Демобилизирајте се“, изјави колумбискиот претседател, обраќајќи им се директно на припадниицте на Револуционерните вооружени сили на Колумбија, Фарк. Припадниците на пешадијата и воздухопловството покренаа операција во зоната меѓу градовите Суерас и Лопес де Микај и во таа прилика е убиен водачот на Фарк. Кано, кој имаше 63 години, а чие вистинско име е Гиљермо Леос Саенс Варгас, се смета за идеолог на Фарк и е трет водач на групата кој е убиен во борбите или починал од 2008 година наваму.

Автор: ЖА/АТ/дв/дпа

Редактор: Александра Трајковска