1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиено вработено лице во германската амбасада во Јемен

Напаѓач уби вработен во германската амбасада во Сана во Јемен. Западни дипломати го потврдија нападот, но не откриваат детали за идентитетот и позицијата на жртвата во амбасадата. Според медиумите убиениот е телохранител

Агенцијата ДПА информира дека убиениот човек е телохранител на дипломатите во германската амбасада во Сана, која беше повторно отворена во средината на август, речиси две недели по терористичката закана, која затвори многу западни мисии во регионот. Тогаш Германија беше меѓу земјите кои одлучија да ги затворат амбасадите, откако САД предупредија за можен напад од Ал Каеда.

Според агенцијата АФП, непознатиот напаѓачот во денешниот инцидент отворил оган од возило во моментот кога убиениот излегувал од продавница во јужната населба Хада во градот Сана, во која всушност се сместени повеќе странски амбасади.

Jemen, Überfall auf deutsche Botschaft 06.10.2013

Луѓе се собраа пред супермаркетот по инцидентот

Агенцијата АФП информира дека телохранителот бил убиен кога се обидел да ја заштити амбасадорката Карола Милер-Холткемпер од напаѓачот, кој се обидел да ја киднапира, во моментот кога таа излегла од супермаркет во населбата. Германската амбасадорка во Јемен стапи официјално на функцијата на 30 септември годинава. И агенцијата Ројтерс, од два свои изворa, информира дека убиеното лице работело во безбедносниот тим во германската амбасада.

Вработените во амбасадата, како и претставници од Министерството за надворешни работи во Берлин досега официјално не го потврдија инцидентот.

Според извор кој го контактирала агенцијата Ројтерс, денешниот напад носи белег на огранокот на Ал Каеда во Јемен. Се верува дека во Јемен дејствува еден од најопасните ограноци на терористичката мрежа Ал Каеда.