1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Убиени 80 Талибанци

*

Војниците на коалиционите трупи раководени од САД и безбедносните сили на Авганистан, на југот на земјата убија околу 80 борци на радиклно исламистичките Талибанци. Како што соопштија коалиционите трупи, Талибанците во провинцијата Хелманд нападнале патрола. Војниците на коалицијата во повеќе часовните борби имале поддршка и од воздушните сили. Цивилни жртви немало. Талибанците од својата страна изјавија дека странските воени авиони испукале бомби и врз цивили.