1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиени 35 членови на Ал Каеда во Јемен

Јеменските безбедносни сили, според наводи на министерството за одбрана во Сана, убиле најмалку 35 членови на терористичката мрежа Ал Каеда.

По нападот во Сана, во кој загинаа 96 војници, јеменската армија почна голема офанзива против упориштето на Ал Каеда во јужниот дел на земјата. Јеменскиот претседател Абед Рабо Мансур Хади по атентатот најави борба против терористите во земјата.

Вчера, американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон изјави дека специјалисти на американската влада ги хакирале интернет страниците на Ал Каеда на арапскиот полуостров, меѓу кои и во Јемен. Интернет пропагандата на терористичката мрежа во Јемен која „се фали со убивање Американци“ е заменета со текстови кои го нагласуваат умирањето на муслимански цивили во нападите на Ал Каеда. Потегот на САД, според министерката Клинтон, е со цел Ал Каеда да се спречи во регрутирањето нови членови преку интернет. Шефот на американската дипломатија оцени дека тактиката веројатно има резултати, поради тоа што екстремистите во меѓувреме „од своите поддржувачи бараат да не веруваат во се‘ што еќ прочитаат на интернет“.