1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиени припадници на сините шлемови во Брегот на Слоновата Коска

Во напад врз мировните сили на ОН во Брегот на Слоновата Коска убиени се седум војници. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека седумтемина војници од Нигер требало да штитат село на западот од земјата.

„Ова беше подмолен напад. Храбрите војници загинаа за мир“, изјави генералниот секретар на Он Бан Ки Мун. ОН засега не даваат информации за тоа кој би можел да стои зад нападот во селото кое се наоѓа во близина на месноста Пара, а нема информации и за тоа како точно течел нападот. Според министерството за одбрана на Брегот на Слоновата Коска, напаѓачите дошле од Либерија. Бан од владата на Брегот на Слоновата Коска побара да стори се‘ за наоѓање на напаѓачите, кои треба да одговараат за она што го сториле.

По изборите есента 2010 година, претседателот Лорен Гбагбо одбиваше да се повлече од власт и да му ја препушти функцијата на победникот на изборите Аласан Уатара. Војниците на ОН, претежно од колонијалната сила Франција, интервенираа со „робустен мандат“ и му помогнаа на Уатара да дојде на власт. Гбагбо чека на судски процес што треба да се води во Судот за воени злосторства во Ден Хаг.