1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиени пет странски туристи во Етиопија

Нападот го извршила бунтовничка група од соседна Еритреја. Меѓу загинатите е и еден Германец. Бунтовниците киднапирале четири лица, од кои двајца биле странци.

default

Убиени странски туристи во Етиопија

Непознати вооружени лица убиле петмина странски туристи во северната област Афер во Етиопија, јави националната телевизија.

Според официјалните информации, една од жртвите е германски граѓанин, додека останатите четворица се од Унгарија, Белгија, Италија и Австралија.

Властите во Етиопија обвинија дека напаѓачите влегле во земјата од соседна Еритреја и дека се работи за бунтовничка група која била тренирана од тамошната влада. Владата во Еритреја ги демантираше овие информации.

Бунтовниците киднапирале четири лица, од кои двајца биле странци. Претходните извештаи говореа и за двајца тешко ранети, но таа вест засега не е потврдена.

Автор: БГ/ АТ/ ап

Редактор: Ж. Ацеска