1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Убиени киднапираните Германки во Јемен

Двете учителки и медицинската сестра од Северна Кореја беа киднапирани во петокот, додека биле на излет со едно германско семејство и уште еден британски инженер. Засега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето.

default

Полициски патроли ја пребаруваа областа Саада

„Вчера во близината на местото каде групата била последен пат забележана, пронајдени се три безживотни тела. За жал, две од телата им припаѓаат на двете киднапирани Германки“, изјави Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, соопштувајќи ја тажната вест за несреќниот епилог од заложничката драма во Јемен. Во групата што беше киднапирана во петокот се наоѓаат уште петмина германски државјани - брачен пар и нивните три деца. Покрај тоа, нема трага ниту од киднапираниот британски инженер. Се претпоставува дека тие паднале во рацете на „бескрупулозни силеџии“, додека минатиот петок биле на излет со германското семејство и Британецот, во долина северно од главниот градо Санаа. Странските државјанки работеле во локалната болница.

„Ова е многу тажна вест“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, откако ги слушна најновите информации од Јемен, изразувајќи им сочуство на семејствата на загинатите. Канцеларката увери дека кризниот штаб при Министерството за надворешни работи прави се` што е во негова моќ за да ја расветли судбината на останатите германски државјани.

Акција на нарко-босовите или исламските екстремисти?

Karte Jemen Yemen Stadt und Region Saada Sada Portugiesisch

Групата била киднапирана северно од градот Сана

Јеменското министерство за внатрешни работи засега не ги потврдува информациите што ги соопштија официјални лица од провинцијата Саада, кои тврдат дека пронашле живи две од киднапираните деца. Безбедносните сили залудно ја пребарувале областа, сооппшија претставници на Министерството.

Според јеменските медиуми, причината за киднапирањето се борбите за моќ меѓу локалните дилери на дрога и безбедносните власти. Според овие непотврдени информации, странците биле киднапирани од нарко-босовите и требало да служат како заложници, со цел да ги принудат властите да им вратат голема пратка дрога, што им ја заплениле во изминатите недели. Владата наводно не го прифатила нивното барање, па затоа киднаперите ги ликвидирале трите жени.

Сепак, засега никој официјално не ја преземал одговорноста за киднапирањето. Набљудувачите во Јемен претпоставуваат дека е можно зад оваа акција да стојат и исламски екстремисти од Ал Каеда.

Автор: ТТ/АТ/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска