1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Убедлив камбек на Владимир Кличко

Помладиот од браќата Кличко, Владимир, на голема врата најави враќање во светскиот врв.

Владимир Кличко

Владимир Кличко

Поранешниот светски првак од Украина Владимир Кличко во саботата вечерта пред 9 илјади гледачи во Дортмунд го нокаутира во 4-тата рунда американскиот боксер Елисео Кастилјо, инаку кубански бегалец. „Се вратив и се радувам што повторно сум во рингот со позитивни резултати“ – рече Владимир Кличко, алудирајќи на двата тешки пораза во претходните борби, по што многумина веќе „го отпишаа“. Во саботата тој со мудра тактика го подготви теренот за завршниот удар, практично не беше ниту еднаш посериозно погоден од противникот и сега, по 44-тата победа во својата 47-ма борба како професионалец повторно може да се надева на светската титула. „Задоволен сум, но не би сакал да се удирам во градите и да речам: ’јас сум најголемиот‘. Не, не сум. Морам уште многу да работам“ – рече 29-годишниот Владимир Кличко, покажувајќи и со тоа дека извлекол поуки од поразите.