1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Убедлива победа против Турција

На Европското првенство во кошарка во Шпанија нова победа на германската репрезентација. Овојпат „жртва„ беше Турција: убедливи 79 спрема 49 кошеви и обезбеден пласман во наредната рунда:

default

Дирк Новицки не успеаја да го задржат ниту Турците

Еден ден по тешката победа против Чешка, европскиот вице-првак постигна неочекуван убедлива победа против Турција. Супер-ѕвездата Дирк Новицки со 24 кошеви повторно беше најдобриот поединец во германската репрезентација. По натпреварот Новицки кусо изјави:

„Вака треба да играме ако сакаме нешто да постигнеме. Денес игравме со срце и игравме одлично„.

Неговиот соиграч Митхат Демирел со слична оценка:

„Токму тоа го посакувавме и го постигнавме на теренот, што на Турците не им успеа. На крајот сиот напор се исплаќаше„.

Денеска Германија го игра последниот натпревар во групата против кандидатот за титулата европски првак – Литванија.