1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Убедлива победа на опозицијата во Полска

На предвремените парламентарни избори Полјаците се изјаснија за промена на владата: најсилна партија е либералната „Граѓанска платформа„ со освоени преку 40 насто гласови, на чело со Доналд Туск.

default

Доналд Туск со семејството и приврзениците ја слави победата на изборите

Премиерот Јарослав Качински, чија партија стигна до 32 насто гласови, го призна поразот на неговата национал-конзервативна партија. На изборите се појавија 55,3 проценти од гласачите, повеќе од кога и да е по соборувањето на комунизмот во 1989 година.

Лидерот на опозицијата Туск долго чекаше на ваков момент на успех: поранешен кандидат на претседателските избори против Лех Качински кога доживеа неочекуван пораз, во неговата партија не е неоспоруван, но синоќа неговите го славеа поради убедливата изборна победа. „Граѓанската платформа„ со голема разлика влегува во парламентот пред „Право и правда„ на Качински. И во личниот дуел избирачите му подарија победа на Туск: тој во Варшава доби 47 насто гласови, додека Јарослав Качински само 21. Според ситуацијата, на „Граѓнакста платформа„ и стојат на располагање повеќе опции за коалиција со која би имала мнзоинство без партијата на Качински. Или со левиот сојуз на бившшиот претседател Александар Квашњевски, или, пто е поверојатно, со умерената селанска партија ПСЛ, која јасно ја мина границата од пет проценти. Уште синоќа, лидерот на опозицијата Туск, видно возбуден изјави:

„Им благодарам на сите кои на цела Европа и докажаа: ние Полјаците моежеме да бидеме невообичаено одговорни кога вистина ќе дојде до тоа. Таа одговорност се гледа во највисокото учество на изборите по крајот на комунизмот„.

Политички со промената на владата не би требало многу да се промени. Победничката партија има либерална економска програма, помалку е скептична кон приватизацијата и силно се залага за брзо воведување на еврото во Полска. Надворешно-полиитчки и кон Германија би требало да се проемни основната песна. Остри напади кон Германија не му се блиски на Туск, но секако жестоко ќе бидат бранети полските интереси на бриселскиот паркет. Туск во изборната битка се изјасни за брзо повлекување на полските трупи од Ирак, каде што Полска со години им припаѓа на најблиските сојузници на САД. Се уште актуелниот премиер Јарослав Качински му честита на победникот, но најави:

„Ќе бидеме решителна и цврста опозиција што ќе ги проверува ветувањата. Зашто беа ветени нечуени чуда за полската економија, за буџетот. Точно ќе го следиме тоа што беше речено„.

Притоа, новата влада освен тоа, ќе мора да се соочи со вториот од близнаците – Качински, претседателот на државата Лех, кој има право на вето и чиј мандат истекува дури во 2010 година.