1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Убедлива победа на Ердоан

Владејачката исламско-конзервативна партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоан е победник на вчерашните избори во Турција со освоено апсолутно мнозинство.

default

Големот мнозинство гласачи се изјаснија за продолжување на курсот на Ердоан

По пребројувањето на околу 90 насто од гласовите, АКП освои 47 проценти, односно повеќе од 330 места во парламентот кој има 550 пратеници. Левата републиканска народна партија ЦХП освои 125 мандати, а ултра-десната партија на националното движење МХП ја префрли пречката од 10 проценти и ќе има околу 75 пратници. Во парламентот влез обезбедија и триесетина независни кандидати. Учеството на изборите се проценува на 80 насто. По победата, Ердоан изјави дека ќе ги продолжи реформите за членство во Европската унија. Победата на АКП на премиерот Ердоан беше очекувана, но никој не сметаше дека ќе биде толку убедлива и дека не само што го одбрани апсолутното мнозинство во парламентот, туку и го зголеми. Премиерот Ердоан синоќа и се обрати на јавноста:

„Победници на овие парламенарни избори се граѓаните, нашата заедничка иднина, како и стабилноста на земјата. Овој успех нема да ни ја замати главата. Напротив: таа бара дополнителна одговорност. Ниту за милиметар нема да отстапиме од основните принципи на републиката. И натаму решително ќе работиме за полноправно членство во Европската унија и енергично ќе ги продолжиме демократските реформи„.

Покрај АКП пеку 10-процентната пречка минаа и кемалистичката ЦХП, како и националистичката МХП. Од околу 30-сетте независни кандидати се чини најголемиот број се членови или симпатизери на про-курдската ДТП.

Во првите коментари за победата на Ердоан се спомнуваат две причини. Прво: добрата економска ситуација во земјата – во период од 21 квартал Турција бележи пораст меѓу 6 и 9 проценти. Второ: можно е улога да одигра и лутината на населението кон армијата. Со оглед на неуспешниот избор на претседателот на државата, армијата со меморандум се закани со пуч во случај на избор на министерот за надворешни работи Абдулах Ѓул за претседател. Коментаторот на либералниот весник „Милиет„, Хасан Кемал вели:

„Ова е меморандум против меморандумот на армијата. Меѓуота, тоа не смее да доведе до тоа владата да ја загуби главата поради оваа победа„.

Една од првите задачи на новиот парламент ќе биде избор на нов претседател на државата што ќе го наследи сегашниот шеф Сезер. Според пресудата на уставниот суд, во изборот на претседателот треба да учествуваат најмалку две третини од пратениците. На тој начин партиите се принудени да се согласат за еден кандидат.