1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Убавината на жената!

Да се фотографира женското тело и лице е вообичаено специјалност на машките мајстори на објективот. Ова табу, го прекрши тетовчанката Мимоза Велиу. Со „Афродизирании“ се претстави во Прима Центар – Берлин.

default

Mимоза Велиу нема предрасуди кон убавината!

Во дваесеттината црно-бели фотографии Мимоза Велиу пренесува еротика каква малку кој можеше да очекува од оваа млада, црнокоса и ситна жена од срцето на Балканот. Мошне смело таа го претставува женското тело, видено магично, мистично, слободно.

Зошто е во фокусот жената?

„За мене нешто убаво е убаво, без оглед дали е машко или женско. Ме прашуваат зошто гледам во насока на жените?

Photographin Mimoza Veliu

Репортерката на Дојче веле Силвера Падори со Мимоза Вeлиу

Дали имам некои сексуални афинитети? Кажувам дека јас ја сакам убавината и немам проблеми со жената. Сакам да ја фотографирам и таа убавина, која некогаш е внатрешна, скриена и сакам да излезе на површината,“ кажува Мимоза Велиу. Таа се осврнува и на исклучително импресивната фотографија на полугола жена на прозорец: „Фотографијата е сликана во Тетово, во една приватна куќа. Со оваа фотографија сакам да кажам дека жената е убава и каква да е! Може да е убава иако е дебела, иако не е во фокусот на објективот, како што е во случајот."

Желбата за слобода, за лет ја има и во фотографијата „Делириум”, во девојката со мрежести чорапи и високи потпетици, во атрактивна „Жена со маска” за која Мимоза коментира: „Овие маски се прават во Албанија и се продаваат во Италија. Мене ме воодушуваат и сакав да имам таква фотографија.”

Живеачка од комерцијални фотографии

Динамичен и импресивен е и циклусот фотографии на танцувачи. Велиу, која студира дизајн на медиуми во Берлин вели дека и натаму ќе биде сконцентрирана на фотографии од театарот и балетот.

За тоа дали може да се живее од фотографирањето Велиу вели: „Не може да се живее од уметност. Изложбите се храна за душата, но живеам од фотографирање по порачка. Тоа е друго, комерцијално. Сликам настани, но не сакам да престанам да се занимавам со уметничка фотографија. Не е лесно во Берлин да си фотограф. Особено, е тешко ако не си оттука и ако си жена. Но, јас се обидувам да бидам не само добра, туку и посебна. Се обидувам во секоја фотографија да донесам свој свет и чувство за да ја придобијам публиката.”

Автор: Силвера Падори

Редактор: Александра Трајковска