1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уапсен Џорџ Клуни!

Познатиот актер Џорџ Клуни денеска (16.03)бил уапсен заедно со неколку членови на Конгресот на протестите пред амбасадата на Судан во Вашингтон.

default

Џорџ Клуни, познатата филмска ѕвезда, го игнорирал предупредувањето да ја напушти територијата на амбасадата, по што му биле ставени лисици на рацете и бил приведен во полициското возило. Заедно со него бил уапсен и неговиот татко Ник.

Armut in Afrika

Клуни бил заедно со луѓето кои протестирале поради вооружените акции на суданската влада против сопствениот народ. Владата во Картум мора да престане да го убива, силува и изгладнува својот народ, изјави Клуни пред телевизиските камери пред суданската амбасада во Вашингтон.

Клуни со години се ангажира за правата на луѓето во Судан и во средата (14.03 во расправата во Конгресот предупреди од хуманитарна криза во областа на границата кај Јужен Судан. Тој неодамна бил во посета на кризните области во Судан каде се уверил во нечовечкото однесување кон народот.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/афп/ртре

Редактор: Е. М. Фиданоска