1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен талибански водач

Во заедничка акција на пакистанските и американските тајни служби во пакистанскиот град Карачи е уапсен Абдул Гани Барадар, заменикот на талибанскиот водач, Мула Омар.

default

Апсењето денеска е потврдено од висок по ранг претставник на САД. Тој најави дека Барадар е испрашуван.

Дали уапсениот веќе кажал нешто важно, што американските и пакистанските агенти би ги одвело на трага на Мула Омар, шефот на талибанците, не се соопштуваат детали, како ни за акцијата на фаќање на Барадар. Експертите, во секој случај, сметаат дека дека се работи за важен чекор. Пакистанскиот безбедносен експерт Рустам Шах Мохманд, поранешен амбасадор на Пакистан во Авганистан истакнува: „Ова е тежок удар за талибанското движење. Барадар беше број два, искусен командант, ова ќе има сериозни последици.

Од Пакистан беа планирани акции во Авганистан

Мула Барадар припаѓаше на водечкиот совет на авганистанските талибанци. По протерувањето на милитантните исламисти од Авганистан во 2001 година, движењето под водство на Мула Омар се пресели во југозападнопакистанскиот град Квета за да може да организира воени акции во соседната земја.

Тоа што водечките авганистански исламисти со години можеа да дејствуваат од пакистанска почва, водеше до напнатости меѓу САД и Пакистан. ЦИА постојано доставувала детални податоци до пакистанската тајна служба за скривалиштата на важни талибанци, без Пакистан да реагира. Очигледно, на оваа практика сега и‘ е ставен крај.

Автор: Сабине Матај/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска