1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен продуцентот на антиисламското видео

Осомничениот режисер на антиисламското видео „Невиноста на муслиманите“, Накула Баселеј Накула е уапсен и пренесен во затвор поради прекршување на условите на неговата условна казна.

Судијата Сузане Сегал од американската сојузна држава Калифорнија одлуката за притвор на 55-годишниот египетски копт кој живее во САД ја образложи со опасноста од негово бегство и сокривање од правдата, а ослободување со плаќање кауција е исклучено. Во 2010. година Накула бил прогласен за виновен за банкарска измама и осуден на 21 месец затвор. Во 2011. година бил ослободен и му била изречена условна казна, согласно која му било забрането да користи компјутер или интернет без одобрение на властите и да користи лажно име.

Во јули годинава на ЈуТјуб се појави 14-минутен трејлер на филмот „Невиноста на муслиманите“, во кој се исмева пророкот Мухамед. Властите во САД утврдија дека зад филмот стои Накула, кој се претставил под псевдонимот Сам Басаил. Во исламскиот свет филмот во кој е навредуван пророкот Мухамед, предизвика насилни протести. Вчера во Индија против антиисламскиот филм демонстрираа околу 15 илјади луѓе пред американскиот конзулат, скандирајќи антиамерикански пароли.