1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен претседателот на Федерацијата на БиХ

Полицијата на БиХ го уапси претседателот на федерацијата Живко Будимир под сомневање за корупција. Во тек е претрес и во зградата на Претседателството на БиХ во Сараево, како и во зградата на владата во Мостар.

Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир (на фотографијата горе) е уапсен денеска во Мостар по налог на Јавното обвинителство на БиХ. Будимир е уапсен во неговиот кабинет од страна на припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА). Според полицијата, тој се товари дека примал поткуп за помилување на осуденици, како и за „уште неколку кривични дека“. Босанските медиуми јавија дека во тек е претрес на канцеларијата  на Будимир во зградата на Претседателство на Федерацијата БиХ.

„Целта на овие истражни активности е откривање на коруптивни кривични дела чии сторители се највисоки претставници на Федерацијата на БиХ“, се наведува во соопштение на обвинителството на БиХ.

Полицијата спроведува акција и во реонот на Широки Бријег, каде „предмет на обработка“ се компании во сопственост на семејството на заменик-премиерот на Федерацијата БиХ, Јерко Иванковиќ-Лијановиќ. Истите извори тврдат дека акцијата се споревдува поради сомнителни исплати на субвенции од страна на Развојната банка на Федерацијата БиХ.