1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен поранешниот шеф на турската армија

Поранешниот прв човек на турската војска е обвинет дека во 2009-та година наредил војската да финансира интернет сајтови на кои ќе се критикува владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

default

Илкер Басбуг

Поранешниот началник на генералштабот на турската армија, Илкер Басбуг, во текот на ноќта е уапсен и му е одредена мерка притвор под обвинение дека предводел терористичка организација и ковал заговор за соборување од власт на владата на премиерот Реџеп Tаип Ердоган.

Одлуката за апсење на Басбуг е донесена по седумчасовното сослушување од страна на обвинителството во врска со наводите дека војската финансирала десетици интернет сајтови во 2009-та година, чија цел била дискредитација на владата на Ердоган.

Некои од осомничените во овој случај кои веќе се осудени, меѓу нив и високи генерали и адмирали за време на судењето истакнаа дека дејствувале исклучиво по наредба во командниот синџир, на чие чело тогаш бил Илкер Басбуг. Тој во август 2010 година замина во пензија. Стотици офицери се досега уапсени во серија истраги кои се покренати во земјата во врска со заговорот за соборување на исламски ориентираната влада на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ бета

Редактор: Александра Трајковска