1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен поранешниот портпарол на Камерон

Енди Коулсен е обвинет дека лажно сведочел во случајот со прислушкувањето телефони на познати личности од јавниот живот во Велика Британија.

Поранешниот портпарол на британскиот премиер Дејвид Камерон е уапсен и обвинет за лажно сведочење во врска со скандалот со прислушкување телефони, во кој беа вмешани првите луѓе на згаснатиот таблоид „Њуз оф д ворлд“.

Енди Коулсон бил уредник во весникот, пред да стане портпарол на Камерон. Во 2010-та тој сведочеше дека немал никакви сознанија за нелегални активности од страна на новинари во весникот.

По неколкучасовното сослушување, тој доцна синоќа беше пуштен од полициската станица во шкотскиот град Глазгов.

Апсењето претставува сериозен удар за репутацијата на британскиот премиер.

Во јули минатата година, Коулсон беше уапсен од Скотланд Јард во врска со аферата за прислушкувањето на мобилната телефонија, но откако беше сослушан, беше ослободен со кауција. Тој се уште може да биде обвинет и изведен на суд за овој случај.

Коулсон упорно тврди дека не знаел ништо за практиката на некои новинари да ги ловат пораките од говорната пошта на мобилните телефони на познати личности за правење ексклузивни новинарски текстови.