1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен основачот на контроверзната компанија за импланти „ПИП“

Основачот на француската фирма за производство на силинконски импланти „ПИП“, Жан Клод Мас, е уапсен во јужна Франција, јавува новинската агенција Франс Прес, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

default

Во имплантите од „ПИП“ е користен индустриски, наместо медицински силикон

Жан Клод Мас бил уапсен во селска куќа во регионот Вар, во јужна Франција, во рамки на истрагата покрената лани во декември поради сомневање дека имплантите на неговата компанија се штетни за здравјето и може дури и да предизвикаат рак. Компанијата „ПИП“ е обвинетa дека за имплантите, кои се ставаат во градите, употребувала евтин силиконски гел, несоодветен за медицинска употреба.

Frankreich Brustimplantat von PIP

Многу земји им препорачаа на жените да ги отстранат силиконите од „ПИП“

Затоа повеќе земји препорачаа жените кои имаат силиконски импланти од „ПИП“ да ги отстранат поради можните ризици за здравјето. Лекари во Франција пријавија 20 случаи на рак кај жени кои имале вградено импланти на таа компанија, но се’ уште не е утврдено дали има директна поврзаност на спорните импланти со таа болест.

Сепак и Светската здравствена организација (СЗО) неодмна побара од жените од целиот свет кои имаат вградени импланти за гради на компанијата „ПИП“, во случај на некои сомнежи, болки или воспаленија, веднаш да се обратат на лекар или хирург.

Автор: Симе Недевски/АМ/афп/миа/дв

Редактор: Елизабета М. Фиданоска