1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен најпознатиот син на Гадафи

По повеќемесечно бегство уапсен е вториот по старост син на екс-либискиот властодржец Гадафи. Сеиф ел Ислам, според наводи на Преодната влада, е уапсен на југот на Либија.

default

Сеиф ел Ислам беше неколку месеци во бегство

Министерот за правда Мохамед ел Алакуи денеска (19.11), без да наведе детали за апсењето, изјави дека Сеиф ел Ислам е уапсен на југ на земјата. Во либискиот главен град уште од изутрината кружеа гласини за апсење на 39-годишниот син на поранешниот либиски властодржец. Сеиф ел Ислам е вториот по старост и најпознат син на Моамер ел-Гадафи. Тој долго време важеше за реформски ориентиран, но во текот на борбите во Либија кои резултираа со пад на режимот на Гадафи, неговиот тон стануваше се‘ понепомирлив. По освојувањето на Триполи од страна на либиските бунтовници на крајот на август, Сеиф ел Ислам исчезна.

Поради обвинение за злосторства против човештвото, Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг издаде налог за апсење на Сеиф ел Ислам. Налогот за апсење беше издаден во јуни годинава.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: А.Трајковска