1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен исламист по бомбашкиот аларм во Бон

Еден ден по алармот за поставена бомба на железничката станица во Бон, постојат повеќе укажувања на планиран напад. Потврдено е апсењето на еден Сомалиец по потекло, активен на исламистичката сцена.

Во кругови на безбедносните сили за агенцијата ДПА ја потврдија информацијата за апсењето на Омар Д. роден во Сомалија. Тој бил доста познат во бонската исламистичка сцена. Според „Фокус“, тој бил фатен околу пладне. „Бонер генерал анцајгер“ известува дека полицијата уапсила и друг осомничен, но за ова нема потврда.

По алармот за поставена бомба на главната железничка станица во Бон полицијата и натаму го истражува деактивираниот материјал.

Според весникот „Билд“ треба да биде донесена одлука дали државното обвинителство на Германија и Сојузната служба за борба против криминалот ќе го преземат случајот. Портпарол на државното обвинителство за агенцијата ДАПД изјави дека оваа институција постојано разменуува информации со покраинските власти, без да наведе повеќе детали.

Полицијата досега само потврди дека во сина чанта на железничката станица биле пронајдени повеќе метални садови наполнети со прашкаста материја, која би можела да предизвика експлозија. Засега се’ уште не е утврдено дали оваа конструкцијата можеше да експлодира. Детонатор не е пронајден. Портпарол на полицијата во Келн соопшти дека се вршат натамошни испитувања на пронајдениот материјал.

Сомнителната чанта оставена на станицата вчера попладне ја алармираше полицијата и масовно го попречи железничкиот сообраќај.