1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсен бившиот шеф на генералштабот на турската армија

Бившиот началник на генералштабот на турската армија Хаки Карадаји денеска (03.01) е уапсен заради сослушување во врска со улогата во симнувањето од власт на происламската влада во Анкара во 1997 година.

Хаки Карадаји е лишен од слобода во својот стан во Истанбул, а на сослушување е однесен во Анкара, јави новинската агенција Анадолија.

Против шестмина пензионирани генерали, вклучувајќи бивши шефови на воздухопловните и копнените сили на турската армија, во мај минатата година беа подигнати обвиненија во врска со присилувањето на поранешниот премиер Неџметин Ербакан да се повлече од власт.

Карадаји беше шеф на генералштабот во периодот од 1994 до 1998 година. Војската го притискаше Ербакан да поднесе оставка поради неговите наводни обиди да го подигне значењето на исламската вера во доминантно муслиманската, но секуларна Турција. Војската долго време беше бастион на секуларизмот во оваа земја.