1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Уапсен Анте Готовина

Анте Готовина, хрватскиот граѓанин обвинет за воени злосторства на просторите на поранешна Југославија е уапсен на Канарските острови. Веста број еден претпладнево од Белград ја соопшти главниот хашки обвинител Карла Дел Понте.

Анте Готовина

Анте Готовина

„Анте Готовина е уапсен синоќа во Шпанија, на Канарските острови, конечно и ќе биде транспортиран во Хаг„ вака главниот обвинител на хашкиот трибунал Карла дел Понте ја соопшти веста за апсењето на Анте Готовина најбараниот воен злосторник од Хрватска.

Готовина бил уапсен во еден хотел во познатиот туристички центар Тенерифе на Канарските острови. Шпанското државно радио јави дека Готовина по апсењето со воен авион веднаш бил префрлен во Мадрид, каде во текот на попладневните часови треба да се појави пред судските органи кои треба да ја спроведат процедурата за негово екстрадирање.

Веста од Белград предизвика вистински метеж во Брисел каде во тие моменти беше во тек министерскиот состанок на НАТО. Првиот човек на Алијансата, Јап де Хоп Шефер нормално веднаш реагираше и тоа со позитивен тон;

„Апсењето на Готовина е добра вест за светот, мислам дека е добро да се уапсат сите оние кои бегаат пред правдата и сториле сероииозни злосторства. Веста е секако добра за Хрватска„

Хрватските власти

Обвинителството на трибуналот во Хаг изрази благодарност за соработката на Хрватските власти кои одиграле значајна улога во лоцирањето и пасењето на Готовина. Карла дел Понте телефонски лично му се заблагодарила на премиерот Иво Санадер. Шефот на владата во Загреб е задоволен што конечно се потврдиле изјавите на неговиот кабинет во врска со овој случај

„ Ова е конечна потврда на веродостојноста на хрватската држава, на сите институции на власта. Сакам да нагласам дека оние кои ни веруваа кога зборувавме ека тој не е во Хрватска добија конечна и целосна потврда. Владеењето на правото нема алтернатива

Апсењето на Анте Готовина секако ќе се одрази позитивно врз патот на Хрватска кон евроинтеграциите, што всушност беше и една од главните забелешки воочи одлуката за почеток на преговорите за нејзино членство во Унијата. Брисел очекува со апсењето на Готовина, да биде стегнат обрачот и околу Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кои и натаму се недостапни на органите на прогонот.