1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Уапсено 31 лице за кражбата на дијаманти во Белгија

Полицијата во Белгија, Швајцарија и Франција уапси 31 лице во рамки на истрагата за кражбата на дијаманти на аеродромот во Брисел во февруари годинава, соопшти денеска белгиското обвинителство.

За време на вчерашната и денешна акција во Белгија се уапсени 24 лица, во Швајцарија шест и едно лице во Франција, рече портпаролот на обвинителството во Белгија Жан-Марк Мејер.

Diamanten Diebstahl Raub Belgien Brüssel Flughafen Zaventem

Грабежот беше извршен на аеродромот во Брисел

Како што е наведено, дијаманти и пари од грабежот се најдени, но не се даваат повеќе детали за нивното количество. Вредноста на украдените дијаманти се проценува на 50 милиони долари.

Акцијата за апсење на осомничените лица за поврзаност со кражбата се забрзала откако вчера во Франција бил уапсен еден од членовите на осумчлената вооружена група, која ноќта на 18 февруари упадна на пистата на аеродромот во Брисел и во петминутна акција, без да испука ниту еден куршум, од багажот во еден од каргоавионите ги украде дијамантите. Напаѓачите побегнаа, а едно од нивните возила подоцна е најдено запалено во близина на аеродромот.

Genormte Gegenstände Deutschland Flash-Galerie

Дијамантите биле пронајдени во Швајцарија

„Ова лице има многу дебело судско минато во Франција и е побарана негова екстрадиција во Белгија“, рече портпаролот на белгиското обвинителство.

Во акцијата за апсење во Белгија учествувале повеќе од 200 полицајци, кои откриле „големи количества на пари“. Дијамантите, како што соопштија од обвинителството, биле пронајдени во Швајцарија.