1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Уапсени сите четворица бомбаши од Лондон

Само осум дена по обидот за самоубиствени атентати на три железнички станици и еден автобус, полицијата во британскиот главен град и во Рим ги фати осомничените.

Акција на британската полиција во Лондон

Акција на британската полиција во Лондон

Британецот со сомалиско потекло, Осман Хусеин е фатен во стан на негов роднина, во близина на станицата Термини во Рим. Италијанските власти добиле информација за Хусеин од страна на Скотланд Јард. Веста за неговото апсење го прошири и прашањето – дали тој заминал за Рим за да изведе нови напади? Во моментов се изгледа така како само да барал прибежиште кај член на неговото семејство. Во меѓувреме во притвор е и неговиот брат. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Писану, ја пофали меѓународната соработка во одбраната од тероризам:

“Ова е сигурно добар ден во борбата против тероризмот.“

Питер Кларк, шеф на Антитерористичките единици на британската полиција, вчеравечер во Лондон ги потврди апсењата:

“Работевме заедно со италијанските власти. Ќе направиме напор за испорака на уапсените. Ќе биде издаден соодветен европски налог.“