1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Уапсени противниците на режимот на Лукашенко

Режимот на Александар Лукашенко во Белорусија не дозволи протести на критичарите на власта за време на прославата на државната независност.

default

Уапсен демонстрант во Минск

На протестите за време на прославата на Националниот празник на Белорусија уапсени се голем број критичари на владата. Меѓу приведените е и поранешниот претседател Станислав Шушкевич, критичар на претседателот Александар Лукашенко. Полицијата во главниот град Минск употребила сила и солзавец, сведочат очевидци. Опозицијата, по примерот на „арапската пролет“, преку социјалните мрежи повика на протести против власта на маргините на големата воена парада. Противниците на Лукашенко, требаше да го попречуваат неговиот говор на парадата со громогласно ракоплескање.

Автор: АТ/БГ/дв

Редактор: Горан Чутаноски