1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Уапсени осомничените за убиството на ракометарот Козма

Осомничените, лица и порано казнувани како насилници, биле во бекство кон Италија. Мотивот за нападот и натаму непознат. Сочувство од Европската ракометна федерација до семејството на романскиот репрезентативец.

default

Тројца учесници на неодамнешното светско првенство во ракомет - жртви на напад во Унгарија

По вчерашното убиство на романскиот репрезентативец во ракомет Мариан Козма во Унгарија, австриската полиција уште синоќа уапси тројца осомничени Унгарци. Двајца мажи и една жена се уапсени врз основа на меѓународна потерница на автопатот во насока кон Грац. Според австриската агенција АПА, тие биле во бекство кон Италија. Полицијата извести дека осомничените не дале отпор при апсењето. Станува збор за лица кои веќе претходно биле казнувани за различни дела на насилство.

Во неделата рано изутрината, тројцата уапсени, заедно со уште една група, нападнале ракометари кои славеле во една дискотека во унгарскиот град Веспрем. Мариан Козма бил убиен со удар со нож в срце, а српскиот репрезентативец Жарко Шешун и членот на хрватската селекција Иван Пешиќ се ранети и тоа опасно по живот. Досега уште не е познат мотивот за нападот.


Смртта на Козма - голема загуба за романскиот спорт


Европската ракометна федерација, со седиште во Виена, му искажа сочувство на семејството на 26-годишниот Козма. Тој играше за репрезентацијата на Романија на неодамнешното светско првенство во Хрватска. Романското министерство за спорт ја означи неговата смрт како голема загуба за ракометниот спорт во земјата. Козма „беше на кулминација на кариерата и ги имаше сите шанси и натаму да напредува“, рече денеска државниот секретар Октавијан Белу. Кариерата ја започна во „Динамо“ од Букурешт, а во 2006 отиде во „Веспрем“. Романската агенција Медиафакс известува дека во 2005 еднаш веќе бил нападнат и избоден од група од 8 луѓе, при што бил тешко ранет.


►◄




Поврзана содржина